Струмичка Беласица пред пандемијата со вирусот беше првопласирана во Втора Лига – Исток. Стадионот Благој Истатов за време на паузата доби нов модерен терк во стил на премиерлигашките клубови во Англија во подтрибинскиот простор. Клубот се враќа на голема сцена и големи се шансите од наредна сезона струмичани да ги гледаме во најдобрата македонска ПМФЛ.

На македонскиот фудбал му недостасуваат екипи како што се Брегалница, Беласица, Борец, Пелистер, Победа кои што со својата историја и квалитет докажале дека местото им е во прволигашката лига. ФК Беласица работи во европски стил и постојано се надоградува, како во инфрастуктурата, така и во играчки и кадровски план.

Од наредна сезона кога екипите ќе се најдат во подтрибинскиот простор ќе може да почуствуваат фудбалерите еуфорична спортска атмосфера и мотив плус да покажат на терен своите квалитети. За да еден клуб биде на високо рамниште секако дека основен услов е вложување во инфраструктурата како тоа што несомнено го прави ФК Беласица.




