Лисабонски Порто и двоструки европски шампион од 1987 година и од 2004 година, додека двоен шампион е и во Уефа купот во период од 2003 и 2011 година, а во Португалија има 28 шампионски титули. Клубот има долг од 100 милиони евра и треба да ги исплати до крај на јуни како би ги исполнил УЕФА правилата околу финансискиот фер-плеј.
Порто е познат по тоа што купува за ефтини пари непознати играчи, кои што подоцна ги продава за огромна сума. Но поради кризата со пандемијата на вирусот тимот има големи финансиски проблеми, па ќе се обиде да ги намали платите на фудбалерите за 40 %, да земе кредит но и да ги продаде своите најдобри фудбалери.
На излезна врата од клубот се левиот бек Алекс Телеш кој за сума од 35 милиони евра ќе го засили ПСЖ. Исто така пред трансфер се и играчот од средината на теренот Данило Переира, како и напаѓачите Хесус Корона, Муса Марега и Фабио Силва. Португалското првенство ќе се продолжи 30-ти мај, а Порто е водечки на табелата со 60 бода еден повеќе од второпласираната Бенфика.



