Њукасл ова лето ќе добие нови сопственици, а тоа ќе биде Саудиски принц кој клубот од ,,Сент Џејмс Парк” ќе го откупи за 300 милиони фунти. Сегашниот газда Мајк Ешли не е омилен меѓу фановите, па тие се надеваат да дојде нов сопственик. Мохамед бин Салман кој е многу повеќе богат одошто газдите во Манчестер Сити.
За предводник од клупата се шпекулира со Масимилијано Алегри и Покетино, во одбраната засилување ќе побара во редовите на Наполи и сенегалскиот репрезентативец Калиду Кулибали, додека во средниот ред ќе се ангажираат Артуро Видал (Барселона) кој е влезен во последната година од договорот со тимот од ,,Блауграна” па неговата цена е 10 милиона евра.
Филипе Кутињо соиграчот на Видал откупната клаузула изнесува 80 милиони евра и тој нема ништо против да се пресели на ,,Островот”, а на Њукасл им е цел број еден. ,,Страчките” имаат план во Шпанија да побараат и други нови засилувања, а еден од нив повторно е од Барселона и тоа Антоан Гризман, додека цел ќе им биде и французинот од Реал Бетис, Набил Фекир за кој што треба да издвојат 44 милиони евра исто колку што треба да платат и обештетување на Ајакс за младиот талент Ван Дер Бек.
Во нападот ќе се ориентираат кон преговори со Единсон Кавани и ќе пробаат да победат во трката со Атлетико Мадрид за ангажман на овој одличен голгетер кој му заврши договорот со ПСЖ. Како опција во офанзивата Њукасл ќе го ангажира Борини кој му завршува летово договот со Верона, а тој е екс играч на Сандерленд кој е лут и омразен ривал на Њукасл. Планот и стратегијата е веќе за четири години овој тим да биде во најсериозна конкуренција за големите трофеи.
Вака е планот да изгледа новиот тим на Њукасл:




