На денешен ден (5 мај), во 2010, на „Фир Парк“ во Мадервел, се одигра натпреварот со најмногу постигнати погодоци во историјата на шкотскиот Премиершип во кој се соочија екипите на Мадервел и Хиберниан. Хиберниан, во два наврати, водеше и со три односно четири голови разлика (1-4 и 2-6), а на крај не успеа да ги однесе трите поени во Единбург бидејќи натпреварот заврши со 6-6. За драмата да биде уште поголема, во 85. минута при резултат од 5-6, голманот на Хиберниан, Греам Смит, одбрани пенал.
Најпрво, во 11. минута, Колин Ниш од Хиберниан го отвори резултатот, а веќе во 16. минута Жил Коук израмни на 1-1. Во продолжение, Хибс, со вториот и третиот гол на Ниш во 20. и 36. минута, како и голот на Дерек Риордан во 28. минута, поведе со 1-4. До крајот на полувремето, Мадервел намали на 2-4 преку Џон Сатон но 39. минута.
Хибс доминираа и во воведниот дел на второто полувреме стекнувајќи навидум сигурна предност од 2-6 со двата гола на Ентони Стоукс во 56. и 65. минута. Во продолжение следуваа четири голови на домаќините постигнати од четири различни играчи: Жил Коук (67′), Томас Хаталеј (72′), Дерек Риордан (76′) и Лукас Јуткиевич (90+3′).



