Денес беше ажурирана ранг-листата за репрезентативниот поредок во Т20 крикет. Повеќе од две години на тронот се наоѓаше Пакистан, кој во последните месеци не покажа доволно солидни партии. За првпат во историјата, на првата позиција се пласира репрезентацијата на Австралија, која со рејтинг од 278, ги остави зад себе, светскиот шампион од 40/40 – Англија (268) и Индија (266). Пакистан моментално е четвртопласиран, а во првите десет се најдоа и Јужна Африка, Нов Зеланд, Шри Ланка, Бангладеш, Западните Инди и Афганистан.
„Кога си број еден, секогаш си ловен. Ние бевме ловците одредено време, a сега сме ловени. Мораме да се подобриме и подобро да го правиме тоа што треба.“ – истакна Џастин Лангер, тренерот на Астралија.



