Кристијано Роналдо своето слободно време го поминува во својот дом во Мадеира,Португалија, а во текот на сезоната во Јувентус во 32 настапи постигна 25 гола. Италијанскиот реномиран ,,Тутоспорт” објави дека се состанале фудбалерот Кристијано Роналдо со сопственикот на Јувенстус Андреа Ањели и цврсто одлучиле дека 34-годишниот играч ќе го доработи четиригодишниот договор.
Роналдо бил задоволен од досегашниот третман и дал ветување дека Јувентус е негов прв избор и дека ПСЖ ќе извиси во своите планови за ангажирање на одличниот португалец. Фудбалерот премина во Серија А во тимот на Јувентус во 2018 година од тимот на Реал Мадрид.



