вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

(Галерија) Астрит Мерко: ЖФК Асс Јунајтед ќе добие свој спортски дом

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
април 25, 2020
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Струга како град секогаш имал префинет спортски шмек. Овој град е град на културата и спортот. Од таа гледна точка стружани се предодредени за спортски дисциплини и произлегоа огромен број на спортисти и спортски работници кои го репрезентираат градот на најдобар начин.

Во Струга кога се работи за фудбалот има два прволигашки клубови, едниот во машка конкуренција и тоа ФК Струга Трим Љум и женскиот колектив ЖФК Асс Јунајтед. Освен нив во второлигашка конкуренција просперира Фк Лабуништа, а Караорман и Влазними се екипи кои оставиле своја трага во минатото.

Во градот има два активни стадиони и тоа: Градскиот стадион на ,,ФК Караорман” и стадионот на ,,Влазними”. Сето ова е премалку ако се знае дека има огромен број на фудбалери и фудбалерки кои што со своите екипи ги обавуваат тренажните процеси како и натпреварите.

Постои и трет спортски комплекс кој изминативе години се започна но никако да добие финален производ,  а тоа е игралиштето кај ,,Комбинат” или кај индустриската зона. За таа цел своја иницијатива презема селекторот на У-19 на Македонија и прв тренер на ЖФК Асс Јунајтед, Астрит Мерко, кој што на своја иницијатива и труд ќе се потруди да помогне ова игралиште да ги добие своите спортски контури и во догледно време да се овозможи да се играат првенствени натпревари.

Додека трае паузата на спортските натпревари е идеално место да се допринесе за спортот и непречено негово функционирање. Астрит Мерко веќе започна со чистење на игралиштето, тревникот, соблекувалните како и монтирање на трибини.

Овој комплекс по неговото завршување ќе го користи тимот на ЖФК Асс Јунајтед како и четири други генерации на тимот. Асс Јунајтед постои веќе 11 години и во овој временски период успешно се натпреварува, има произведено многу квалитетни фудбалерки како и репрезентативки на сениорската А селекција и младинските репрезентации. Секако освен женскиот клуб на ова место ќе добијат шанса и време своите спортски активности да го користат и останатите клубови.  

,,Покренувам иницијатива и поднесов молба до општина Струга и советниците за активирање на стадионот кој во изминативе 10 години постана гнездо на наркомани и истата иницијатива беше прифатена па веднаш се зафатив со работа. Среќен сум што и градоначалникот е љубител на спортот и што донесе позитивна одлука. Јас работам за спортот и сум придонесол за градот Струга со моите резултати изминативе неколку години. Асс Јунајтед конечно во блиска иднина ќе добие свој дом” – изјави Астрит Мерко.

Сепак овој проект е сериозен и за таа цел селекторот ќе побара помош од Агенцијата за млади и Спорт како и од фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Ако се сака професионален спорт и високи спортски резултати, еден од предусловите е и квалитетна инфраструктура. Нека ова биде само еден позитивен пример во таа насока па и останатите клубови да размислат и да реализаат проекти за развој на спортот.  

Share646Tweet
Претходна вест

Танкоски – Амбициите на Еурофарм Пелистер се да биде шампион на Македонија

Следна вест

Состанокот помеѓу Ањели и Роналдо ги разрешија дилемите

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

Состанокот помеѓу Ањели и Роналдо ги разрешија дилемите

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.