Чорли е фудбалски клуб ситуиран во истоимениот град во Ленкашир основан во 1883. Минатата сезона (2018/19) ситуацијата на ,,Викторија Парк” беше драстично поразлична. Чорли цела сезона се бореше со Стокпорт за титулата во шестата лига (Нешонал Лиг Норт), но на крај ја загуби само за еден поен. Сепак, ,,Страчките” изборија промоција преку плејоф и за првпат по 29 години заиграа во петтата лига. По првите три четвртини од сезоната којашто беше прекината поради Коронавирусот, Чорли се наоѓа на последното место.Сепак, еден од најмладите тренери во англискиот фудбал, Џејми Вермиљо (37), даде свое мислење за сезоната и гледа позитивно на оваа ситуација. Во своето интервју за официјалната веб-страна на Нешонал Лиг, Вермиљо изјави:,,Пред сè, мислам дека сме на ова ниво поради играта во двата шеснаесетници [алудирајќи на одбраната и нападот]. Мислам дека, кога станува збор за поседот на топката, бевме подобри од голем број на екипи. Сепак, не постигнавме доволно голови и допуштивме гостински голови што не требаше да ги допуштиме.”,, Поради повреди изгубивме доста играчи во почетниот дел од сезоната. Доколку тие играчи беа спремни, можеби ќе имавме поразлични три четвртини од сезоната … Сепак, горд сум што водам тим на ова ниво. Сонот стана реалност. Беше напорно, но сепак уживав.”За крај, тренерот додаде:,,Одењето на места како Нотс Каунти и Рексам е брилијантно искуство за сите… Уживаме што сме дел од оваа лига и иако шансите да опстанеме, особено поради Коронавирусот, се многу мали, ние нема да се предадеме.”



