На денешен ден (16 април 1992), екипата на Партизан од Белград стигна до својата прва и засега единствена европска кошаркарска титула. „Црно-белите“, во финалето на ФИБА Европската Лига, беа подобри од шпанскиот Ховентуд со 71-70, а до победата стигнаа со тројката на Ѓорѓевиќ во последните секунди од натпреварот. „Домаќин“ на овој спектакл беше „Абди Пакчи Арена“ во Истанбул.
Во почетниот состав на Партизан, на финалниот натпревар, играа: Александар Ѓорѓевиќ, Предраг Даниловиќ, Иво Накиќ, Зоран Стевановиќ и Славиша Копривница, додека на клупата беа Никола Лончар, Млаџан Шилобад, Жељко Ребрача и Владимир Драгутиновиќ предводени од Жељко Обрадовиќ.
За Ховентуд настапуваа: Рафа Жофреса, Жорди Виљакампа, Харолд Пресли, Корни Томпсон и Хуан Антонио Моралес, а на клупата беа Карлос Руф, Томас Жофреса и Жорди Пардо. Тренер на екипата беше Лоло Саинц.



