Поради пандемијата од Коронавирусот, неодамна беше донесена одлуката за одложување на најпрестижната велосипедска трка – Тур д Франс.
Овогодинешното издание, првично беше планирано во терминот од 27 јуни до 19 јули. Новиот термин на трката беше донесен денес од страна на Емануел Макрон, претседателот на Франција и претставниците на УЦИ (Интернационалната велосипедска унија), а ќе се одвива од 29 август до 20 септември.
Првпат после Втората светска војна, Тур д Франс нема да се оддржи во јули. Почетните етапи од турата ќе бидат ситуирани во Унгарија со почеток од Будимпешта.
Освен Тур д Франс, одложени се голем број на трки. Џиро д’Италија и Вуелта беа планирани за периодите од 9 до 31 мај односно од 14 август до 6 септември, а нивното оддржување сè уште е неопределено. Исто така, одложени се и престижните еднонеделни трки како Милано – Сан Ремо, Тур низ Фландрија, Париз – Рубе и Лиеж-Бастон-Лиеж.



