Поранешниот нигериски репрезентативец Тарибо Вест кој што пред неколку дена го прослави својот 46-ти роденден, а во својата кариера настапуваше за голем број на клубови каде што најдобрите партиии ги одигра во тимовите на Милан и Интер.

На крај на кариера настапи и за Партизан на кој му помогна при влезот во групата на Лига шампиони. Вест беше ексцентричен фудбалер и одличен во одбраната.

По долгогодишната успешна кариера и блескавите моменти против најдобрите светски голгетери, Тарибо Вест се врати во родната Нигерија и сега е во улога на свештеник.




