понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

(Галерија) Како стружанецот Аце Јоноски стана ракометна икона во Ратинген, Германија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
април 11, 2020
📁 Ракомет
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Пред извесно време на покана на Ацо Јоновски бев во посета на Германија . Аце и неговата фамилија живеат во Ленеп ( Северна Рајна Вестфалија).Ленеп е многу убаво , тивко и пријатно место за живот , на улицата каде живеат се единствените странци .На 200 метра од куќата на Јоновци се наоѓа спомен домот на Рентген (човекот кој го измислил Рентген апаратот ).

Јоновски е член на СГ Ратинген .СГ Ратинген е клуб од Ратинген , мал град кој на некој начин му е предградие на Диселдорф, кој се натпреварува во повеќе лиги како во машка така и во женска конкуренција . Аце од оваа сезона е главен тренер на СГ Ратинген 2011 , клуб кој се натреварува во 4-та регионална лига на Германија и по потреба играч ( во клучни и тешки натпревари).Клубот кој го води Јоновски функционира на полу-професионално ниво , значи покрај играњето скоро сите играчи имаат и свои редовни работни места. Ратинген е доста квалитетен и организиран тим со беспрекорни услови за работа. По мое видување може сериозно да се бори за висок пласман во нашата лига .Јоновски ужива голем авторитет и углед од страна на сите во клубот ,како поранешен репрезентативец на Македонија и докажан ракометен играч во светски рамки.Јоновски пред да дојде во Ратинген беше дел од Бундеслигашот Бергишер од Солинген , но по најавите ,визијата и проектот на раководството на Ратинген реши да се пресели тамо .Со други зборови тој е почитуван член на Германското општество.Во Ратинген игра и Филип Лазаров , а минатата сезона член беше и Диви.Секојдневието на Аце се состои од посета на некое училиште во регионот на Ремшајд , домашна припрема за тренинг и патување до салата каде што тренираат . Со еден збор целосно е предаден на ракометот .

  • Exif_JPEG_420

Зашто СГ Ратинген да не ги видиме и на Ракометниот турнир во Струга во блиска иднина. Покрај тренерската работа Аце е ангажиран и во Interaktiv ( schule ,sport , sociales) како експерт по спорт (ракомет) и посетува основни училишта каде им држи часови по спорт на идните ракометни надежи .Бев присутен на неколку тренинзи на Ратинген каде Аце го пренесуваше своето ракометно знаење.На барање на тренерот на втората екипа Аце настапи неколку минути на дерби натпреварот со Вулбрат каде ја покажа својата светска класа на одушевување на публиката . Тој е меч каде можеби последен пат ќе го видам Аце со дрес. По серијата доста сериозни тренинзи дојде и денот на натпревар против тимот кој минатата сезона го исфли Ратинген од баражот за еден ранг погоре.Тензијата беше голема ,салата во Динсланген беше полна, но со силна подршка од трибините (хахах) успeа да ги добие со 25-33. Нешто што мене лично ми остави впечаток беше дружбата на играчите после секој тренинг и натпревар , обавезно некој е задолжен да донесе гајба пиво. Воедно Interaktiv е главен спонзор на клубот ( основач) и е раководен од страна на господин Бастијан Шлиеркамп и неговиот татко Ролф , добро познати на стружани по 3-те камиони донации на школски инвентар на иницијатива на Аце за кои раководните луѓе во Струга беа и повеќе од благодарни. Имаше ветување дека донациите нема да застанат тука , зашто душата на Аце му е во родната Струга.

Јас како човек кој сериозно се вложи во таа работа без никаков надомест бев пријатно изненаден кога се појавив на интернет и ФБ Страната на Interaktiv и бев почастен како еден вид на благодарница со влезница за натпреварот Фортуна Диселдоф и Херта од Берлин на Меркур Спиел Арената . Благодарение на Аце имав можност одблиску да се запознам и со системот на образование на Германија , да посетам некои училишта и спортски сали . Изненадувањето беше уште поголемо кога на покана на Басти и секако со препорака на Аце бев поканет да учествувам на официјална вечера на која се постигна договор актуелниот член на Штутгарт од Бундес лигата хрватскиот интернационалец Робет Маркотиќ од следната сезона да го носи дресот на СГ Ратинген. Јас сум воодушен од пречекот и гостопримливоста на фамилијата Јоновски. Ќе ја искористам ова прилика да ги поздравам уште еднаш и да им се заблагодарам.

#Sport, #Schule und #Soziales gehen eben häufig Hand in Hand oder in diesem Fall Arm in Arm 😉 Beim vergangenen Heimspiel…

Posted by Interaktiv I Schule . Sport . Soziales on Sunday, March 1, 2020

Статијата ја подготви: Toни Ашталкоски

Share273Tweet
Претходна вест

Екс играч на Интер кариерата ќе ја заврши во Црвена Звезда

Следна вест

Кајлехон на пат кон својот матичен клуб

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Кајлехон на пат кон својот матичен клуб

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.