На денешен ден (10 април 2005), Џејмс Воган стана најмлад стрелец во историјата на Премиер Лигата. Тогашниот играч на Евертон го постигна четвртиот гол за својот тим во победата од 4-0 над Кристал Палас. Во тој момент, Воган имаше 16 години и 271 ден и го претекна Џејмс Милнер, кој дотогаш беше најмлад стрелец. Имено, за Воган, овој натпревар беше дебитантски во првиот тим на Евертон.
Во својата кариера, Воган освен за Евертон, го носеше дресот и на бројни англиски тимови. Неговиот договор беше откупен од седум други екипи (Норвич, Хадерсфилд, Бирмингем, Бери, Сандерленд, Виган и Бредфорд), а во текот на изминатите петнаесет сезони беше испратен и на бројни позајмици.



