Победникот на Тур д Франс 2019, Еган Бернал, со видео на својот официјален Твитер профил соопшти дека ќе стави на аукција неколку свои сувенири односно својот „Пинарело“ велосипед, дресот на тимот „Инеос“ како и белата и жолтата маица од минатогодишниот Тур д Франс. Колумбиецот го прави сето ова во знак на борбата против Коронавирусот, а собраните средства ќе бидат донирани во „Фундасион Ексито“ – организација којашто ќе ги снабди со храна и намирници сите загрозени семејства во Колумбија. Освен Бернал, слична аукција организира и двократниот победник на најпрестижната велосипедска трка – Алберто Контадор.



