Алесио Ромањоли пред пет сезони од тимот на Рома направи трансфер во Милан и во тимот на ,,Росоњерите” е капитен и лидер. Сепак ова лето и во преодниот рок може да се случи невообичаен пресврт, односно Ромањоли да заигра за својот омилен тим од детството.
Ромањоли додека настапуваше во Рома, има фотографија на која што го носи дресот на омразениот ривал на ,,Римската Волчица” тимот на Лацио.

Финансиската криза во Милан и потенцијалните заминувања на неколку ѕвезди од клубот, може да значи и трансфер на Ромањоли во својот имилен тим. Неговата цена на трансфер пазарот се проценува дека е некаде помеѓу 40-50 милиони евра.



