Ракометниот Клуб Струга ќе ги следи препораките од Министерството за Здравство и тие исто како и другите клубови прекинаа со сите тренинзи.
Tренерот на клубот Наум Танески ја даде следната изјава: “Во моментов ги почитуваме препораките и нема да имаме тренинзи се до нормализирање на ситуацијата. Ракометарите секој дома може да прават индивидуални тренинзи. Седете дома и чувајте го вашето здравје!”



