Лидерот на табелата во Суперлигата, Металург, потешко од очекувањата славеше во Струга со 24-29 (полувреме 15-14 за Струга).
Тимот на Металург мака мачеше со денес одлично расположените стружани и домашниот голман Стојаноски Александар кој бранеше одлично, па на полувреме домаќините водеа со 15-14.
Сличната игра продолжи и во вториот дел па во 48 минута на семафорот стоеше 21-21. Во тие моменти Металург додаде сила и успеа да се одлепи со неколку контри на 21-27 , за на крај рутински да слави со 24-29.
Струга: Стојаноски, Мечкароски, Маркоски 2, Кузманоски 4, Крстаноски 2, Костоски Наум. Јанкуловски 1, Симоноски, Костоски Ненад, Трајковски 2, Русески, Новаковиќ, Димитријески 2, Мекич 8, Рајатовски 3, Јаковчески.
Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 1, Јагуриновски 1, Поповиќ 5, Пецаковски, Шилегов 3, Танкоски 5, Мариќ 2, Серафимов 4, Лазаревски 2, Младеновиќ, Чантурија 4, Иракли, Маркоски, Арсеноски 2.







