Екипата на РК Струга се засили со уште четири нови ракометари : Мартин Табаковски (среден бек), Ненад Белистојаноски (десно крило), Стефан Донев (пикер) и Ѓорѓи Мангоски (лево крило). Првите тројца се ракометари од РК Алушовски, а во пролетната полусезона ќе играат на двојна регистрација и за РК Струга и за РК Алушовски. Левото крило Мангоски доаѓа во Струга од соседниот градски тим на РК Енхалон.
Со новите три ракометари се зголемува можноста за ротација кај Стружани и ќе влезат со поголеми мотиви во борбата за опстанок во Суперлигата.



