Славиша Димитријески е нов ракометар на РК Струга. Искусниот среден бек во кариерата има настапувано за екипите на Охрид, Зомимак, Пролет 62, МРК Вардар, Куманово, Пелистер и Анталија (Турција).
Ова е трето засилување пролетва за РК Струга покрај Пеце Рајатоски и црногорецот Самид Мекиќ кој ќе се обиде да им помогне на стружани во борбата за опстанок.



