Во единствениот денешен НХЛ натпревар, силите ги одмерија Колумбус Блу Џекетс и Отава Сенаторс. Најпрво, домаќините од Охајо дојдоа до предност од 1-0 преку осмиот гол сезонава на Ник Фолињо. До крајот на првата третина, Отава, со голот на Конор Браун, израмни на 1-1, а на средината на вториот дел, преку истиот играч стекна предност од 1-2. До крајот на вториот дел, Фолињо повторно постигна погодок за Колумбус, па двете екипи во третата третина влегоа со нерешен резултат од 2-2. Во третата третина и двете екипи постигнаа по еден погодок – Колин Вајт за Отава односно Стефан Мато за Колумбус. Со резултат од 3-3, натпреварот отиде во продолжение, а таму, на само дваесетина секунди до крајот, Емил Бемстром му ја донесе првата победа на Колумбус после осум врзани порази.
За Отава, ова е трет последователен пораз кој ја остава екипата на претпоследното место во Источната конференција. Колумбус, благодарение на победата, скокна на седмото место и се наоѓа во плејоф зоната. Од друга страна, победата на Колумбус го елиминира тимот на Детроит Ред Вингс од борбата за плејоф. „Црвените крила“ се последни на Истокот и ќе го пропуштат плејофот четврти пат во низа. Последен пат, пред кобната 2016/17, Детроит го пропушти плејофот во 1989/90 односно имаше серија и константност од дваесет и пет години по ред каде што изборуваа доигрување.



