Екипата на Вашинготн Визардс, на домашен терен, ја пречека екипата на Милвоки Бакс. Гостите од Висконсин имаа контрола речиси над целиот натпревар, но Вашингтон успеа да избори продолжение. После дополнителните пет минути, Милвоки славеше со 134-137. Најефикасен играч од победничкиот тим беше Крис Мидлтон со четириесет поени, пет скокови и пет асистенции. Сепак, Мидлтон не беше најефикасен играч на целиот натпревар. Таа чест му припадна на одличниот Бредли Бил (Вашингтон) кој постигна неверојатни педесет и пет поени.
За Бил, ова е втор натпревар во само два дена на кој постигнал над педесет поени. Во претходниот натпревар постигна педесет и три поени во поразот од Чикаго Булс со 126-117. Со овој подвиг, Бил стана првиот играч кој постигнал над педесет поени два дена по ред после Коби Брајант, кој го изведе ова во март 2007. Исто така, Бил стана четвртиот играч кој постигнал над педесет поени во два последователни порази, а пред него, тоа го постигнале само Вилт Чемберлен, Џејмс Харден и Девин Букер. Сепак, Бил стана првиот кој го направил тоа за само два дена.
Од друга страна, Милвоки е првата екипа која што обезбеди плејоф и тоа после само педесет и шест натпревари. Бакс, со ова го поставија рекордот за најбрзо осигуран плејоф кој претходно го држеше Голден Стејт во 2015/16 и 2016/17 кога избори плејоф после педесет и осум дуели.



