„Дербито на дното“ во НХЛ го одиграа последнопласираната екипа на Детроит Ред Вингс и Монтреал Канадиенс кои се тринаесеттопласиран тим на Истокот.
До победата дојдоа домаќините од Детроит откако славеа со 4-3. После првата третина, Монтреал водеше со 0-2 благодарение на головите на Нејт Томпсон и Џеф Петри. На почетокот на вториот дел, Роби Фабри намали на 1-2, а десетина минути подоцна, Ник Сузуки повторно ја врати предноста од два гола во корист на Монтреал. Третата третина помина целосно во знакот на Ред Вингс кои постигнаа три погодоци и дојдоа до триумфот. Стрелци за Детроит беа Андреас Атанасиу (2) и Мајк Грин.
Имајќи во предвид дека Детроит Ред Вингс важи за еден од најуспешните НХЛ тимови, денес беше остварен нов рекорд во франшизата. Имено, за прв пат во историјата, екипата на Детроит успеала да слави најмалку четири пати во една сезона над екипата на Монтреал Канадиенс. Оваа сезона, Ред Вингс славеа на гостински терен со 2-4 и 1-2, додека на првиот домашен натпревар беа поуспешни со 4-3.



