Адис Јаховиќ иако имаше незгодна повреда на јаболкницата поради која пропушти неколку мечеви за Анталијаспор и играше со маска на лицето како заштита, но и тоа не му пречеше да биде прецизен во 53. минута за 1:0 против Касимпаша.
За Јаховиќ ова е 13-ти гол сезонава во силната турска лига, со што е трет стрелец, зад Сорлот од Трабзон со 17 и Сисе од Аланијаспор со 16 погодоци. Анталијаспор победи со 3-1 и побегна од опасната зона.



