Новата сезона од првата фудбалска дивизија на Ирска започна вчера, а денес беше одигран последниот натпревар. За крај се чуваше најжестокото ирско и даблинско дерби – дуелот помеѓу Бохемианс и Шамрок Роверс. Натпреварот беше одигран по релативно лоши временски услови, па тоа беше причината за „сиромашната“ игра на теренот. Имено, гледачите на „Делимаунт Парк“ во Даблин видоа само шест шута преку целиот натпревар. Натпреварот беше карактеризиран со тензичната игра во која Бохемианс заработија вкупно шест жолти картони од кои Енди Лајонс заработи два и во 64. минута беше испратен во соблекувалната. Најдобриот момент на натпреварот се случи токму во последната минута од судиското продолжение кога Арон Грини постигна погодок за 0-1 и ги донесе првите три поени за Шамрок Роверс во новата сезона. За Шамрок ова победа е трета во низа над Бохемианс со вкупна гол разлика од 4-0. Претходно, во периодот од јули 2017 до август 2019, „зелено-белите“ немаа запишано победа над најлутиот ривал.



