Во шампионатот на Австрија, Линц славеше на гостувањето против Барнбах Ремус со 24-26, иако на полувреме губеа со 12-10. Никола Костески беше најзаслужен за победата на Линц со 10 гола од 10 обиди. Покрај тоа имаше и неколку украдени топки и беше одличен во одбраната. Горан Крстевски исто така одигра солиден меч и постигна 3 голови со добра игра во одбраната на својот тим.




