понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

НХЛ: Влијанието на браќата Седин врз франшизата на Ванкувер Кенакс

Епов Насе ✏️ Епов Насе
февруари 14, 2020
📁 Останато, Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Вовед и почетоци на кариерата:
Хенрик и Даниел Седин се двајца близнаци по потекло од Шведска. Браќата станаа познати низ светот по своите неверојатни партии и големиот придонес во НХЛ во тимот на Ванкувер Кенакс. 
Родени се на 26 септември 1980 во Орнсколдсвик, гратче кое се наоѓа на источниот брег на Шведска. Својата љубов кон хокејот на мраз најверојатно потекнува од нивниот татко, Томи, кој во шеесетите години на минатиот век играл во тимот на Модо. Токму во јуниорските категории на истиот тим, Хенрик и Даниел ги започнале своите први чекори по мразот. Браќата пружиле солидни партии и одлични перформанси во овој клуб, посебно кога биле истовремено на ледената плоча. Пофалбите што ги добивале од шведските медиуми биле толку големи што го привлекле вниманието на голем број тимови од НХЛ.

Почетоци во НХЛ:
Нивниот пат во НХЛ започнал преку драфтот во 1999. Тимот на Ванкувер Кенакс ги имал вториот и третиот пик во првата рунда и ги искористил токму за двајцата Швеѓани – Даниел бил драфтуван како втор, а Хенрик како трет пик. Дебито во најквалитетната хокеарска лига во светот, браќата Седин го забележале на 5 октомври 2000 во поразот на Ванкувер од 6-3 од страна на Филаделфија Флаерс. На овој натпревар, тие станале четвртиот пар близнаци што заиграл во НХЛ. Првиот гол во синиот дрес, Даниел го постигнал само три дена подоцна против Тампа Беј Лајтнинг по асистенцијата на својот брат. Хенрик, пак, го постигнал својот прв гол на 16 октомври 2000 против Торонто Мејпл Лифс. Во дебитантската НХЛ сезона, Даниел забележал 34, а Хенрик 29 поени што било најмногу од сите новајлии во лигата. Бројките на постигнати поени изнесувале над триесет и во наредните три сезони, пред лигата да биде ставена во лок-аут состојба. Во сезоната 2004/05, НХЛ сезоната не била оддржана, а браќата, заедно со нивниот соиграч, Маркус Неслунд, се вратиле во матичниот Модо. По завршувањето на „домашната“ сезона, тројцата играчи се вратиле назад во Ванкувер. Близнаците останале во овој тим сè до своето пензионирање односно уште цели тринаесет сезони.

Враќање во Британска Колумбија:
По враќањето од Шведска, браќата доживеале потполна ренесанса во својата игра забележувајќи седум односно осум сезони со над седумдесет постигнати поени. Сезоната 2009/10 беше најефикасната сезона во кариерата на Хенрик Седин каде што постигна 112 поени (29 голови и 83 асистенции на 82 натпревари). Само една сезона подоцна, Даниел и Хенрик доминираа во цела лига забележувајќи вкупно 198 поени (104 за Даниел и 94 за Хенрик). Нивните беспрекорни изданија му помогнаа на Ванкувер да стигне до своето трето финале во историјата и прво во новиот милениум. За жал по навивачите на Кенакс, Бостон Бруинс славеа во ова финале со 4-3 после седум одиграни дуели. На 2 април 2018, Даниел и Хенрик го најавија своето пензионирање. Последниот натпревар на домашен терен во „Роџерс Арена“ го одиграа на 5 април, додека последниот настап во дресот на Ванкувер го забележаа два дена подоцна.

„Ол-Стар“ и репрезентативни одличја:
Даниел и Хенрик Седин беа членови на „Ол-Стар“ натпреварувањето во три наврати. Во 2008, Хенрик првпат беше дел од овој спектакл, а во 2011 и 2012, браќата настапуваа во тандем на собирот на ѕвездите. Последната „Ол-Стар“ номинација за Даниел беше во 2016 година. На репрезентативно ниво, близнаците освоија златен медал на ЗОИ 2006 во Торино и сребрен медал на ЗОИ 2014 во Сочи.

Рекорди на клупски план:
Даниел и Хенрик, во своја сопственост држат неколку апсолутни рекорди на франшизата на Кенакс. Хенрик, со своите 1330 натпревари, е водечки по број на одиграни натпревари за овој тим. Исто така, Швеѓанецот го држи и рекордот за најмногу постигнати поени (1070) и најмногу асистенции (830) во дресот на Ванкувер. Неговиот брат е водечки по бројот на постигнати голови во овој клуб со вкупна бројка од 393. Даниел се наоѓа на втората позиција по број на одиграни натпревари (1306), асистенции (648) и поени (1041) во историјата на франшизата. Браќата Седин се единствените браќа во НХЛ кои постигна по најмалку 1000 поени во својата кариера. 

Повлекување на дресовите со број 22 и 33:
Заради вториот односно третиот пик на драфтот, ѕвездите на Ванкувер ги избрале дресовите со број 22 и 33. Во знак на благодарност, челниците на Ванкувер Кенакс одлучија да ги повлечат дресовите со овие броеви. Овој потег беше јавно претставен на 12 февруари 2019 во преполната „Роџерс Арена“ пред почетокот на натпреварот помеѓу Ванкувер Кенакс и Чикаго Блекхокс. Воедно, на овој начин беше одбележена и педесетата сезона на Ванкувер во НХЛ.

Tags: ВанкуверНХЛСединХокеј
ShareTweet
Претходна вест

Вечер на вино и поезија во Шила

Следна вест

Is Japan the Most Overrated Travel Destination in the World?

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Is Japan the Most Overrated Travel Destination in the World?

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.