Хјустон Рокетс и Јута Џез го одиграа највозбудливиот дуел од синоќешната програма во НБА лигата. Среде Хјустон, Рокетс доминираа во првите три четвртини имајќи предност што во еден момент достигна и единаесет поени. Во четвртата четвртина, Јута се врати во игра, па дури успеа и да слави со 113-114 благодарение на тројката во последната секунда на Бојан Богдановиќ. Расел Вестбрук беше најефикасен играч на натпреварот со 39 поени, 6 скокови и 4 асистенции. Од тимот на Јута, Џордан Кларксон постигна 29 поени, 6 скокови и 2 асистенции. Џејмс Харден забележа трипл-дабл учинок со 28 поени и по 10 скокови и асистенции. Со оваа победа, Јута го подобри својот учинок на 34-18, додека Хјустон има учинок од 33-20.



