На Европското карате првенство во Будимпешта,Унгарија за натпреварувачи до 21 година, македонскиот репрезентативец Бојан Костов освои бронза во категоријата кумите – 57 килограми. Костов оствари пет победи и еден пораз, доволно за трето место и бронзениот медал.



