Утре на 9.февруари 2020 година во Истанбул,Турција ќе се одржи Балканското атлетско првенство за младинци во сала. Македонија има свои преставници.
Селекторот Кристијан Кајчевски има на список шест репрезентативци предводени од тренерите Ѓорѓи Вучков и Марина Дамческа кои што ќе се обидат да постигнат успех.
Во изборот на селекторот Кајчевски се најдоа следниве атлетичари: Анеса Хајдари – 400 метри,
Гала Урдаревска – скок во далечина,
Мила Враниќ – 60 метри и скок во далечина,
Наско Стаменов – скок во височина,
Адриан Исмаили – 60 метри,
Мартин Милошевски – 3000 метри.



