Свонси на својот „Либерти Стадиум“ во југо-западен Велс ја пречека екипата на Дерби во рамките на 31. коло од Чемпионшип. Најпрво, Дерби преку Вагхорн во 8. минута стигна до водството од 0-1 и тој резултат беше актуелен цели педесетина минути. Во период од две минути, од 56. до 58. минута, Свонси направи пресврт со головите на Данда и Ратлиџ. Само шест минути подоцна, Холмс го постигна својот втор лигашки гол сезонава за израмнување на резултатот. На десет минути пред крајот, Дерби по втор пат го превзема водството. Овој пат, за „Овните“ погоди Лоренс кој се запиша во листата на стрелците по прв пат после 2. ноември 2019 кога Дерби со неговите два погодоци го победи Мидлсброу со 2-0. Конечниот резултат на натпреварот беше 2-3, а Дерби стигна до својата втора лигашка гостинска победа сезонава откако во првото коло со 1-2 го порази Хадерсфилд.
Резултати од другите натпревари:
Бристол Сити 1-3 Бирмингем
Виган 1-2 Престон
Барнсли 1-1 Шефилд Венздеј
Блекбурн 0-1 Фулам
Брентфорд 2-3 Мидлсброу
Хадерсфилд 2-0 КПР
Лутон 0-1 Кардиф
Рединг 1-1 Хал
Стоук 3-1 Чарлтон
Нотингем – Лидс (денес во 18:30 часот)
Милвол – ВБА (недела во 14:30 часот)



