Јута Џез и Портланд Трејл Блејзерс го одиграа натпреварот со најконтроверзната завршница во оваа НБА сезона. Во поголемиот дел од натпреварот водеше Портланд со неколку поени разлика, а предноста во третата четвртина се искачи и до навидум убедливи шеснаесет поени. Сепак, Јута успеа да го анулира својот заостаток и да заводи со два разлика при крајот на натпреварот. Во последните секунди од мечот, Дамиен Лилард, играчот на Портланд, беше блиску до израмнување на резултатот, но заради очигледен контакт на Руди Гобер со таблата кој беше недосуден, тимот од северо-западот остана оштетен. Јута на крајот славеше со 117-114, а жестоките реакции од таборот на Портланд продолжија и на прес-конференциите. Најефикасен играч беше токму Дамиен Лилард со 42 поени, 6 скокови и 6 асистенции.



