Вашингтон Визардс и Далас Маверикс го одиграа својот дуел во „Капитал Уан Арена“ пред повеќе од дваесет илјади гледачи. Домапната екипа славеше со 119-118 благодарение на кошот на Бредли Бил во последната секунда. Истиот играч беше воедно и најефикасен на натпреварот со 29 поени, 5 скокови и 8 асистенции. Од екипата на Далас, Сет Кари беше најдобар поединец со 20 поени, 3 скокови и 3 асистенции.



