Дербито на денот во НХЛ го одиграа екипите на Тампа Беј Лајтнинг и Питсбург Пенгуинс. Во пресрет на натпреварот, Питсбург беше третопласирана, а Тампа Беј четвртопласирана екипа на Истокот. Домаќините од Флорида успеаја да забележат победа на овој дуел совладувајќи ги „Пингвините” со 4-2 и да ги разменат позициите на табелата. Тампа Беј, после првата третина, имаше предност од 2-0 со головите на Сергачјов и Стамкос. Во втората третина и двете екипи постигнаа по еден погодок – најпрво Малкин за намалување на водството на 2-1, а потоа и Сирели за повторно враќање на двата гола позитива и водство од 3-1. На почетокот на третиот дел, Марино намали на 3-2, но Кучеров во последната секунда на празна капија го постави конечниот резултат. За Лајтнинг, ова беше петта последователна победа и трета победа во низа на меѓусебните дуели.



