Актуелните шампиони, Ст. Луис Блуз, запишаа нов пораз и ја продолжија својата лоша серија од само две победи на последните осум натпревари. Синоќа, како подобар противник се покажа екипата на Винипег Џетс којашто славеше со 2-4. После првата третина, резултатот беше 0-1 благодарение на Харкинс кој го постигна својот прв гол во НХЛ кариерата. На почетокот на втората третина, Лаине зголеми на 0-2, а после десетина минути, резултатот веќе беше израмнет. За Ст. Луис, головите ги постигнаа Парајко и Гунарсон. Во последната третина, Винипег постигна два погодоци преку Коп и Елерс за заверување на својата победа.



