Во натпревар од Купот на Австрија тимот на Линц за кој настапуваат Никола Костески и Горан Крстевски загуби од тимот на ВестВиен со 23-29 (полувреме 9-12).
Нашето десно крило Никола Костески блескаше со 9 гола беше најдобар играч на мечот, но неговата добра игра не донесе поволен резултат за Линц.



