Машката сениорска репрезентација на Македонија за нешто помалку од дваесет дена ќе започне нова етапа за учество во трката за надигрување на најдобрите селекции од Стариот Континент.
Европското првенство е закажано за 2021 година, а нашите најдобри кошаркари ќе се борат за пласман на уште еден Евробаскет, веќе од овој месец – февруари.
На 20. февруари, во А1 арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се пресметаат со соодветната национална селекција на Естонија.
Три дена подоцна, во Перм, следува дуелот со националниот тим на Русија. Александар Тодоров e нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација.
Новиот предводник на „Црвено-жолтите“ јасно кажува дека целта му е да ја однесе Македонија на Евробаскетот 2021 година, а за таа цел ќе биде потребна и подршката од публиката на овие натпревари.
Извор: https://kfsm.mk/



