Капитенот на Барселона, како и репрезентативно десно крило на Шпанија, искусниот Виктор Томас на 34-години по завршувањето на оваа сезона ќе се повлече од ракометот поради проблеми со срцето.
Денеска ракометарот на прес-конференција ја соопшти веста, при нагласи дека и покрај тоа што ракометот му е важен дел од животот, сепак после кариерата посакува да има нормален живот.
Виктор Томас сета своја кариера ја помина во каталонскиот гигант започнувајќи од најмала возраст па се до сениорскиот дрес на Барселона. Со клубот ги освои сите клупски пехари, а со репрезентацијата на Шпанија исто така имаше успешна кариера.



