Во рамките на 21. коло од ракометната Бундес лига македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Филип Талески заработија порази со своите тимови.
На гостувањето против Лемго тимот на Штутгарт загуби со резултат од 27:23 каде што репрезентативниот кружен напаѓач постигна еден гол, додека Филип Талески имаше половичен учинок од три гола во шест обиди, а неговиот тим Балинген загуби од Фуксе Берлин со резултат од 33:27.



