Одличниот млад интернационален бек, Ненад Димитријевиќ на гостувањето против Реал Мадрид со својот тим Хувентут направија големо изненадување против фаворизираниот тим кој е главен претендент за трофејот во шпанската АЦБ лига и триумфираа со резултат од 83:86.
Сензационалната гостинска победа среде Мадрид се случи со фантастично одиграната последна четврта четвртина, каде што Ненад Димитријевиќ за вкупно 25 минути поминати на паркетот оствари учинок од 7 постигнати коша, при тоа имаше и 2 асистенции и 1 скок.




