Денес во Нашице, Хрватска, Еурофарм Пелистер ќе го одигра првиот меч од осминафиналето во СЕХА лигата против Нексе.
Со новиот тренер Жељко Бабиќ битолчани ќе се обидат да бидат подобри во двомечот со хрватската екипа, а доколку успеат во тоа, Еурофарм Пелистер во четвртфиналето ќе игра против актуелниот СЕХА првак Вардар.
Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер ќе започне од 15 часот со директен пренос на МТВ 1.



