Екипата на Динамо Москва, по вчерашниот пораз на Сочи, имаше потреба од само една победа за да си обезбеди плејоф. Тоа успеа да го оствари денес откако славеше со 5-1 над екипата на Торпедо од Нижњи Новгород. Претставниците на „сино-белите” од Москва покажаа одлична игра што доликува за еден тим што е конкурентен за финале на конференцијата. Веќе после првата третина, Динамо имаше предност од 2-0 со головите на Дмитриј Јашкин и Теему Пулкинен – двајцата играчи со НХЛ искуство. Истите играчи постигнаа уште по еден погодок во поодминатиот дел од натпреварот. Четвртиот гол за Динамо го постигна Михал Чајковски, додека почесниот погодок за Торпедо го постигна Џордан Шродер.
Освен Динамо Москва, од Западната Конференција, плејоф обезбедија и ЦСКА од Москва, СКА од Санкт Петербург и Јокерит од Хелсинки. Торпедо се наоѓа на осмото место – последното што води во наредната фаза.



