Македонската репрезентација до 19 години е поразена од врсниците на Азербејџан со 2:0 на пријателскиот натпревар во турска Анталија.
За македонската репрезентација која ја предводи Шкумбин Арслани започна во состав: Китановски, Јанкуловски, Јакупи, Николов, Крстевски, Фета, Трајановски, Игњатов, Черкези, Илиевски и Фетаи.
Настапија уште: Далипи, Тасески, Адеми, Калкан, Рамани, Омерагиќ, Терзиев и Станковски: Двете селекции ќе одиграа и втор контролен натпревар.



