Најдобриот играч во денешно време, а по многу и на сите времиња, Леброн Џејмс стана трети најдобар стрелец во историјата на НБА лигата, бидејќи со тоа што постигна 28. поени против Филаделфија го помина легендата на ЛА Лејкерс, Коби Брајант. Меѓутоа овој успех речиси и беше залуден бидејќи неговиот тим загуби со резултат од 108:91.

„Кралот“ за да го помине Брајант му требаше на овој натпревар да има 18 поени, а он до тие поени дојде во средината на третата четвртина, каде што клучниот поен го постигна преку положување од табла по еден соло пробив.
Тој погодок му донесе искачување на третото место на вечната НБА листа, на која пред него се сега само двајца играчи, Карл Мелоун на второто место со 36,928 поени и легендарниот Карим Абдул Џабар кој е на првото место со 38,387 поени.
Коби Брајант падна на четвртото место со 33,644, но за многу кратко време на твитер му честиташе на Џејмс.
На крајот Леброн мечот со заврши со 29 поени, 7 скокови и 8 асистенции, додека единствен подобар во неговиот тим беше Ентони Дејвис со 31. погодок.



