Во категоријата до 14 години младата скијачка Јана Атанасовска го освои првото место во слаломот на 58. издание на Ски Интер Критериум 2020 кој се одржа во скијачкиот центар Рички во Чешка.
Атанасовска која е родена 2006 година првата трка ја заврши со време од 36.12, но во втората трка беше далеку подобра од конкуренцијата за речиси две секунди и во севкупниот поредок го освои првото место со вкупно време 1:14.36.

На трката учествуваа 40 скијачки од различни држави ширум Европа, а Јана Атанасовска беше единствената преставничка во женска конкуренција од Македонија. Атанасовска се натпреваруваше и во велеслаломот и заврши на одличното шесто место.



