Стен Вавринка и Андреас Сепи се соочија во втората рунда на овогодинешното издание на Аустралиан Опен. Натпреварот траеше речиси четири часа, а победи Вавринка после пет сетови. Швајцарецот ги освои вториот, третиот и петтиот сет со 7-5, 6-3 и 6-4. Италијанецот пружи отпор освојувајќи ги првиот и четвртиот сет со 6-4 и 6-3, а притоа имајќи и брејк предност во последниот сет при резултат од 4-3.Во третата рунда, Вавринка ќе се соочи со Џон Иснер кој го совлада Алехандро Табило со 3-0 (6-4, 6-3, 6-3).
Маратонски меч одигра и Карен Хачанов против Швеѓанецот Микаел Имер. Имер се наоѓа на 78. место, а Русинот на 17. место на АТП листата. Сепак, во овој дуел, Имер покажа „заби” и му зададе огромни потешкотии на фаворизираниот противник. Двајцата тенисери наизменично ги освојуваа сетовите – Хачанов беше поуспешен во првиот и третиот сет (6-2, 6-4), а Имер во вториот и четвртиот (6-2, 6-3). На крај, сè беше одлучено после супер тај-брејкот во петтиот сет кој беше освоен од страна на Хачанов со 10-8. После четири часа и триесет и шест минути, Хачанов избори пласман во третата рунда по втор пат во низа, а таму ќе игра против Ник Кирјос.



