Македонската сцена доби нови мајстори ! Станува збор за „Аматери за Хумор”, а името е само една од ирониите на оваа хумористична група која со огромна професионалност си ја врши својата работа. Имено, групата е составена од Трајче Китановски, Војче Китаноски (првиот стенд-ап комичар во Македонија), Андреј Андонов и Ибрахим Сали, комичари со доста скечеви зад себе. Горенаведените уметници, веќе беа дел од еден друг проект, „Македонски приказни”, кој заврши неславно заради недостиг на спонзори. „Македонски приказни” беше емисија со забавен карактер која во себе ги угостуваше ѕвездите од македонската естрада притоа откривајќи разни анегдоти од нивните животи. Во врска со новиот ангажман на групата, ексклузивно за „Јави се јужна”, своите одговори ги даде Трајче Китановски.
Македонската сцена доби ново „богатство”, но пред сè, како дојде крајот на „Македонски приказни” ?
– Да, се роди нов проект во продукција на „Македонски приказни”, но за жал, истоимената емисија заврши онака како што заврши, заради повеќе причини, а најглавната е што се уморивме да трчаме барајќи спонзори како би опстанал проектот, како и барање на наш дом – место кадешто би се одвивало снимањето. Три пати се селевме и мислам дека е доста. Не велам дека е завршена емисијата. Можеби еден ден ќе ја обновиме, кој знае …
Како се роди идејата за „Аматери за Хумор” ?
– Ние не можевме да мируваме, па така, на еден од состаноците, со екипата одлучивме да се зафатиме токму со ова. Согледувајќи го општеството, видовме дека она што најмногу недостасува кај народот е хуморот. Па, луѓе мои, заборавивме да се смееме. – низ смеа додаде Трајче. Така настана „Аматери за Хумор”. Идејата е моја, а „кумот” на проектот е Андреј Андонов. Освен нас двајца, во овој проект учествуваат и Војче Китаноски, Ибрахим Сали како и многу други ликови кои не можете да ги видите покрај малите екрани.
Какви скечеви да очекуваат гледачите во иднина ?
– Одлучивме да ја тргнеме цензурата од нашите скечеви, па токму и заради тоа, првиот скеч ни е наречен „Партиска кавга” во кој сакаме да опишеме двајца другари, комшии, пријатели од нашето секојдневие. Она што можам да ви го откријам како ексклузива за вас е дека во наредните скечеви ќе видите многу ликови како на пример: слепецот, обезбедувањето и Албанецот.
Што друго би изјавиле за читателите на „Јави се јужна” ?
– Ги повикувам вашите читатели да нè поддржат со еден лајк и да се претплатат на нашиот Јутјуб канал „Аматери за Хумор”. Од големо значење би ни било доколку го лајкнат она што им се допаѓа или доколку го споделат омилениот скеч со нивните пријатели. Слободно нека споделат видео на нашата Фејсбук фан-страна „Аматери за Хумор”, а ние за возврат ветуваме уште многу смеа.
Линк од Фејсбук фан-страната на „Аматери за Хумор”
https://m.facebook.com/%D0%90%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%A5%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%80-107582774122044/
Првиот скеч на новата македонска група можете да го погледнете на следното видео:



