Првиот слоупстајл во оваа сезона, кај сноубордерите, се оддржа во швајцарскиот Лаакс. На патеката долга 500 метри, најдобро се покажа Џулија Марино во женската конкуренција којашто освои 81.30 поени. На втората позиција беше Реира Ивабучи (76.95), а на третата – Кејти Ормерод (64.20).
Кај мажите, најдобар беше Себастиен Тутан со освоени 87.25 поени. Веднаш зад него беше олимпискиот шампион, Редмонд Џерард, кој беше прв после првата серија, а истиот резултат му го донесе второто место на пиедесталот (85.45). На третото место се најде Американецот Јустус Хенкес со 82.33 поени.



