Велшкиот дуел помеѓу Кардиф и Свонси го затвори 27. коло од Чемпионшип. Ова беше прв лигашки двобој на овие екипи после сезоната 2013/14 кога Велс имаше двајца претставници во Премиер Лигата. Последниот дуел на „Кардиф Сити Стадиум” заврши со 1-0 во корист на Кардиф, а голот го постигна Колкер во 62. минута.
Денешниот дуел заврши без голови, но и на двете страни имаше неколку добри шанси што можеа да му ја донесат победата на некој тим. Со ова реми, Свонси се израмни со шестопласираниот Шефилд Венздеј, а Кардиф ја завзема 12. позиција со четири поени заостаток во однос на лутиот денешен ривал.



