Дербито на западен Лондон го одиграа екипите на Брентфорд и КПР во рамките на 27. коло од англискиот Чемпионшип. Домаќините на својот „Грифин Парк” ја завршија работата уште во првото полувреме кога секој од триото Бенрама, Воткинс и Мбеумо постигна по еден погодок. Тоталната доминација на Брентфорд се намали во вториот дел, а тоа го искористи Наки Велс постигнувајќи го својот 12. погодок сезонава. Конечниот резултат изнесуваше 3-1. Со оваа победа, Брентфорд остана на третата позиција и сега има само шест бодови заостаток во однос на водечкиот двоец составен од Лидс и ВБА, но и натпревар повеќе. КПР, после двете убедливи победи од 6-1 и 5-1 над велшките екипи – Кардиф и Свонси, го забележа првиот пораз.



