Велеслаломот во машка конкуренција што се оддржа денес во Аделбоден беше сочинет со големи изненадувања и возбудувања. После првата серија, распоредот беше многу необичен имајќи во предвид дека по прв пат во кариерата, на водечката позиција по првата серија се најде Лука Де Алипрандини, прв пат на подиум после првата серија се најде Џовани Борсоти и прв пат во првите четири после првата серија беше Канаѓанецот Ерик Рид. Во втората серија, квалитетот се покажа на виделина откако на третата позиција се најдоа Хенрик Кристоферсен и Виктор Муфа-Жанде кои беа 10. и 15. после првото скијање. Алексис Пантуро потфрли завршувајќи на 10. место на крајот. Второ место зеде Хрватот Филип Зубчич кој го постави и најдобриот пласман во кариерата во велеслалом. Претходниот најдобар пласман го оствари во 2014 кога во Алта Бадиа го освои 7. место. До победата стигна Жан Кранјец кој беше 6. после првата серија. Словенецот за малку ќе требаше да почека за својата втора победа бидејќи Лука Де Алипрандини имаше предност од 30 стотинки, но за негова жалост не успеа да ја заврши трката.



